Копија на Ајфелова кула изградена на Косово
Копија на Ајфелова кула е изградена во селото Јањево, во општина Липљан на Косово.
Мини верзијата е осветлена исто како и францускиот оригинал, а се наоѓа на брегот на вештачкото езеро Анија, во кое има и брод.
Изградбата ја започна неодамна починатиот Беким Бислими, а ја наследи неговиот 22-годишен син Блерим, кој објаснува дека се почнало скромно и без поголема амбиција.
Семејството Бислими прво засадила овоштарник, но кога поради мочуришното земјиште било потребно да се огради малото вештачко езеро, тогаш се родила идејата да се изгради брод, во старинска форма како од време на пиратите, во кој ќе има ресторан.
Проектот постепено се проширувал, а минатата година е изградена и мала верзија на Ајфелова кула, која е висока 33 метри, што е десет пати помала од оригиналната.
Според Блерим, оваа Ајфелова кула симболизира љубов и романтика, па многу млади двојки имаат желба да се фотографираат покрај неа, иако станува збор за копија.
- Се потрудивме да биде комплетна имитација и ја осветливме. Малку имавме проблем со скалите, бидејќи се намалени димензиите. Имавме идеја посетителите да можат да се качат до врвот, но заклучивме дека постои опасност за луѓето, па затоа овозможивме да се користи само првиот кат, изјавил Бислими.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава