Контроверзен преварувач: „Гугл за проститутки“
Во Велика Британија од недоамна е покрената нова интернет страница, чија намена предизвика многу контроверзи.
Имено, сајтот „Ескортдек“ има за цел да им помага на мажите да пронаѓаат „дами за придружба“, поради што стана познат како „Гугл за проститутки“.
Преку оваа страница може да се пребаруваат „девојки за забава“ според различни категории, критериуми, фантазии, фетиши... Доволно е да се впише само еден збор и страницата ги нуду „опциите“ што се на располагање во Велика Британија, наведува лондонски „Мирор“.
Ваквата страница меѓутоа наиде на жестоки критики на повеќе организации за човекови права и феминистички групи, кои оценија дека сајтот „го поттикнува насилството врз жените“.
- Тоа се макроа. Преку проституцијата се прават обид за повторно загосподарување над жените. На тој начин се поттикнуваат насилството и неерамноправноста, како и продажбата на жените како бело робје, изјави Карин Ингала Смит, лидерката на една феминистичка група.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата