Контраадмирал Тим Хенри: Командите на здружените сили на НАТО се отворени и за помалите земји членки
Командата на здружените сили на НАТО (ЈФЦ) во Норфолк работи на спојување на активностите на НАТО меѓу Северна Америка и Европа и на одбрана и одвраќање, и во неа има место и за помалите земји, изјави синоќа на брифинг за новинарите контрадмиралот Тим Хенри, заменик-началник на командата.
На прашање од МИА дали во командата свое учество може да земат, ако тоа затреба, и помалите НАТО членки како Северна Македонија или Албанија, тој одговори дека тоа е можно.
-Ние би сакале да имаме претставници и од помалите земји, и ако тие дојдат тоа ќе биде со одредена цел. За секој член на алијансата има возможност да учествува во одбраната на целиот евроатлантски регион, изјави Хенри.
Тој појасни дека активностита на ЈФЦ во Норфолк не се само поврзани со Атлантикот и Арктикот.
-Ние работиме на спојување на Северна Америка и Европа. И она што се случува овде денеска ќе биде испорачано во Европа утре или задутре. Главните задачи на командата се заштита на подводниот оптички кабел шти ги спојува Северна Америка и Европа, како и заштита на десетте трилиони долари вредната трговија што дневно циркулира меѓу меѓу двата континета, изјави контраадмиралот.
ЈФЦ во Норфолк е оформена во 2019 година и е најмладата од трите команди на здружените слили на НАТО. Останатите две се лоцирани во Брунсум, Холандија и Неапол, Италија, кои се во служба од 2004 година.
Командите на НАТО подготвуваат стратегии за „колективна команда под формулата за одвраќање“ на противниците на ЕУ и на западните партнери.
-Принципот за одбрана и одвраќање е да не се гледа во еден правец но да се заземе стратешки курс, и да се испорача до трите останати команди на НАТО, изјави Хенри.
ЈФЦ Норфолк е една од двете команди на НАТО во Северна Америка. Втората која е лоцирана исто така овде е Командата за сојузничка трансформација (АКТ).
Едната работи на реализација на тековните процеси за одбрана и одвраќање а другата на подготовка и трансформација на НАТО за предизвиците во иднината.
Ново на Сител
-
Вработен во казино во Тетово коцкал пари од прометот
-
ФОТОГРАФИИ од страшната сообраќајка во која загинаа 3 лица
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони