АС: Конте ќе го менува Лопетеги во Реал
Реал Мадрид може да направи промена на тренерската позиција и на местото на Хулен Лопетеги, да биде донесен Антони Конте, објави шпански „АС“.
Лопетеги е изложен на силен притисок по поразот од Алавес во саботата (1:0), што му е четврти кикс“ во осум круга во Примера и по само четири месеци во Реал, н аповидок е неговото отпуштање.
Тимот на Реал не само што не победи на последните четири меча, туку нема постигнато ниту гол.
На прво место за наследник на поранешниот шпански селектор, се наоѓа Антонио Конте. Тој е без ангажман уште од заминувањето од Челзи од каде се уште добива плата поради предвремен раскин на договорот.
Шпанските медиуми објавија дека најголемиот тест Лопетеги ќе го има со Барселона, на средбата закажана за 28 октомври на „Камп Ноу“. Се шпекулира дека, доколку Лопетеги се уште е тренер до тој дуел, во случај на пораз од Каталонците, сигурно ќе биде отпуштен.
Претходно, на 20 октомври на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Леванте, тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Ново на Сител
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”