Фудбал
26. July 2015 - 10:42

Конте ги респектира Македонија и Израел

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Антонио Конте искажа позитивни зборови за македонската репрезентација по жрепката на групите за квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
 
- Според мене ги добивме најтешките можни противници од четвртиот и од петтиот шешир, Израел и Македонија. И средбите со Албанија ќе бидат интересни. Да не ја спомнувам Шпанија. Ова ќе биде мошне интересна група, изјави Конте.
 
Македонија првпат во едни квалификации ќе игра со Италија и Албанија, а во Г-групата  уште се и Шпанија, Израел и Лихтенштајн.
Првопласираниот оди на Мундијалот, а второпласираната селекција има шанса за бараж.