-->
-->
Консумирањето на вино или пиво го зголемува ризикот од рак на дојка
-->
Студијата која била спроведена од страна на Светскиот фонд за истражување на ракот и Американскиот институт за истражување покажува дека здравата исхрана, вежбањето и органиченото консумирање на алкохол може да го намали ризикот од рак на дојка.
Половина чаша вино или едно мало пиво дневно го зголемуваат ризикот од рак на дојка, покажува новото истражување.
Студијата која била спроведена од страна на Светскиот фонд за истражување на ракот и Американскиот институт за истражување покажува дека здравата исхрана, вежбањето и органиченото консумирање на алкохол може да го намали ризикот од рак на дојка.
Експертите пронашле докази дека вежбите како што се трчањето и возењето велосипед го намалуваат ризикот од оваа појава кај жените до 17% во споредба со оние кои не се физички активни. Исто така, постојат и ограничени докази дека позитивно влијание врз намалување на ризикот има и лисестиот зеленчук без скроб, како што е зелката, кељот и спанаќот.
Со нискиот ризик е поврзано и консумирањето на храна богата со каротеноиди како што се морковот, доматот, кајсиите и слаткиот компир.
Истовремено, резултатите покажале дека малата количина на вино или пиво дневно го зголемува ризикот од појава на рак на дојка за 5% пред менопаузата и за 9% по менопаузата. Ризикот од рак на дојка по менопаузата го зголемува и прекумерната телесна тежина.
Со цел да се спречи појава на рак на дојка, еден од најважните чекори за жените е избегнувањето на алкохолот или барем негово намалување. Одржувањето на здравата тежина и вежбањето се исто така важни”, вели д-р Рејчел Томпсон.
Кога станува збор за ракот, истражувачите истакнуваат дека не постои никаква гаранција за негова појава, но важно е жените да знаат дека постои нешто што го намалува ризикот од негово настанување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата