Конституирано советодавното тело за употреба на имиња на историски и други познати личности
Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата.
Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.
За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.
Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира.
Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје-за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје-за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева-регистратор во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
-Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели