Македонија
22. April 2024 - 19:45

Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва

Акадмеијата Павел Шатев и антикорупцсика повторно пред суд ги соочија аргументите за вработувања на кандидататие за идни судии и обвинители. Според Академијата, вработувањата не биле прекшување на изборниот законик.. Барањето за мирување на процесот го сметаат за полиитчки мотивирано.

Според антикорупциска, планираните вработувања во академијата се прекршување на правилата во време на избори. Велат, процесот не бил итен и побараа управниот суд да спречи кршење на изборниот законик.

Вечерва во 22 часот Управен ќе објави пресудата од која ќе зависи дали Академијата за судии и јавни обвинители ќе може да ги вработи 130мина кандидати за судии и обвинители, или ќе ја потврди одлуката на антикорупциска која процесот го смета спротивен на изборниот законик.

Спорот меѓу двете институции отпочна со приговорот на претседателскиот кандидат Силјановска – Давкова која алармираше дека тестирањето и вработување е забрането во ек на изборен процес.