Конкурс за ученици за творби посветени на Гоце Делчев
Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, издавачката куќа „Феникс“ од Скопје го распишува традиционалниот Конкурс за ликот и делото на Гоце Делчев.
- На Конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани ученици од основните и средните училишта од Скопје и Републиката, со литературни и ликовни творби на тема „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Песните, расказите и цртежите треба да се праќаат преку пошта или да се доставуваат лично на адресата: Издавачка куќа Феникс, ул. Костурски херои бр.35, 1000 Скопје, соопшти „Феникс“.
Конкурсот ќе биде отворен од утре, 20 јануари, и ќе трае до 10 февруари 2017. Жири-комисија ќе ги разгледа пристигнатите прилози и ќе додели награди во книги. Резултатите ќе бидат соопштени во февруари, во рамки на Зимскииот саем на книгата, кој ќе трае од 15 февруари до 15 март оваа година.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам