Конкурс за годишни награди од Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“
Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ го објави конкурсот за годишните награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика, напишани од македонски автори, како и награда за книга напишана на македонски јазик од странски автор.
Јавниот конкурс е составен дел на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, а наградените ќе добијат диплома, печатење и промоција на наградените книги.
-Препорачуваме ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат на адреса bkkmanifestacija@gmail.com, во Word и pdf-формат до 3 ноември и притоа за категоријата поезија и проза обемот на ракописите да биде од 60 до 80 страници, додека во категоријата книжевна критика од 80 до 100 страници. Според претходно утврдени правила и пракса, на конкурсот немаат право да учествуваат членовите од раководството на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, како и досегашните добитници на награди во која било категорија, изјави за МИА Елизабета Јончиќ, претседателка на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“.
Ново на Сител
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент