Конкурс на Општина Македонска Каменица за 12 стипендии за ученици и студенти
Македонска Каменица го објави конкурсот за доделување 12 стипендии на ученици и студенти за десет месеци во тековната учебна година 2016/2017.
- Планирани се четири стипендии за редовни ученици запишани во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица и четири стипендии на редовни ученици во државните средни училишта. Висината на стипендијата е 2.500 денари. Исто така, ќе се доделат и четири стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети, а висината на стипендијата е 3.000 денари, изјави Васко Десподовски, портпарол на Општина Македонска Каменица.
Тој истакна дека практиката за стипендирање одлични ученици и студенти со висок просек Општина Македонска Каменица ја спроведува од 2010 година и досега се стипендирани 40 ученици и студенти од општината.
- Целта ни е да се мотивираат учениците да постигнуваат поголеми резултати во нивното образование. Општина Макеоднска Каменица обезбедува и еднократна парична награда за учениците и за нивните ментори кои освојуваат награди на државни и на интернационални натпревари. Доколку ученикот освои едно од првите три места на државен или на интернационален натпревар, Општината го наградува со 30 илјади денари, а менторот со осум илјади денари. Ова е, секако, голем поттик за учениците да се натпреваруваат во знаења и да инвестираат во својата иднина, рече Десподовски.
Конкурсот за доделување стипендии за тековната учебна година е објавен вчера, а ќе заврши на 25 номеври. Според условите, учениците и студентите треба да се жители на Општина Македонска Каменица, да се редовни студенти и ученици во основното и средното образование, да не се корисници на други стипендии. Учениците од основното образование за стипендија се пријавуваат од осмо одделение, додека студентите со запишана втора студиска година.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати