-->
-->
Конгресменката Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија
-->
Конгресменката Елеонор Холмс Нортон од Конгресниот округ на Колумбија, стана најновиот член на Конгресната група за Македонија и македонските американци, која се залага за зајакнување на американско-македонските стратешки односи, соопшти Обединетата македонска дијаспора.
Конгресменката Холмс Нортон, која доаѓа од Демократската партија, е исто така и ко-спонзор на резолуцијата со која се изразува поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година како „Месец на македонското американско наследство“ и се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за Соединетите Држави.
Конгресната група за Македонија и македонските американци, во моментов брои 36 члена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани