Македонија
15. May 2022 - 16:36

Конгрес на Алтернатива без еден од четворицата пратеници - Гаши не гледа причина за избори

Без присуство на Скендер Реџепи, еден од четворицата пратеници на Алијанса, денеска партијата го одржа својот прв конгрес.

Отсуството доаѓа откако Реџепи претходно јавно го критикуваше партискиот лидер Гаши, дека Алтернатива повеќе нема причина да е дел од владината коалиција, бидејќи како што рече, во првите 100 дена од приклучувањето во власта, партијата не ги исполнила ветувањата.

Според Гаши кој на партискиот конгрес беше придружуван од коалициониот партнер и премиер, Ковачевски, кратко било времето за да се реализира програмата која како услов Алтернатива ја имала за влез во Владата. 

„Ние нигде не посочивме дека нешто ќе направиме за 100 дена. Кога влегувате на половина мандат, не можете да се обврзувате на 100 дена. Ние сакаме сите тие точки денеска да се реализираат, но објективно кога има објективни пречки, ние имамењ разбирање да видиме кога е погоден монет тие да се стават на дневен ред. Имамае разбирање од другата страна, колку ќе се реализира, иднината ќе покааже“.

Гаши вели дека е подготвен да ја напушти владината коалиција ако тоа е цената која треба да се плати за европска интеграција на државата. Не е за предвремени избори, биејќи како што вели, за надминување на сите проблеми со кои се соочува земјата, неопходно е да има Влада.

Од опозициската БЕСА, велат ако нема договор за предвремени избори, неопходна е странска помош за контрола на работата на владата. Претседателот на партијата и градоначалник на Тетовоо, Билал Касами, смета дека корупцијата е се поприсутна кај власта.

Ако има предвремени избори, од Беса велат дека повеќе ќе се потпираат на сопствените партиски капацитети поради како што вели Касами, искуството од соработката со СДСМ. Двапати ќе размислат дали ќе влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.