Свет
17. October 2023 - 8:32

Конфликт Израел – Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Претседателот на САД, Џо Бајден утре ќе го посети Израел, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен по повеќечасовните разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив.

Претседателот ќе слушне од Израел што му треба за да го одбрани својот народ додека ние продолжуваме да работиме со Конгресот за да ги задоволиме тие потреби, посочи Блинкен.

– Блинкен наведе дека САД и Израел се согласиле да разработат план за цивилите во Појасот Газа да добијат хуманитарна помош. – Според портпаролот на израелските одбранбени сили Џонатан Конрикус, 600.

000 жители на Појасот Газа се евакуирале од областа на градот Газа, по предупредувањата од израелската војска издадено на 13 октомври. Во енклавата се останати уште 100. 000 луѓе.

– Повеќе од една недела по нападите на Хамас во Израел, над 350 тела на цивилни жртви сè уште не се идентификувани, изјави директор на израелскиот Национален институт за судска медицина, д-р Чен Кугел.

– Шефовите на земјите-членки на ЕУ денеска ќе одржст итен состанок во обид да се „усогласи“ одговорот на Унијата на конфликтот помеѓу Израел и Хамас по една недела дисфункционалност и поделеност.

– Хамас побара ослободување на „6. 000 машки и женски затвореници од израелските затвори“ во замена за заложниците што ги зеде за време на нападите на 7 октомври.

Меѓу заробениците на групата се и „високи офицери“ на израелските одбранбени сили (ИДФ), наведе шеф на Канцеларијата за дијаспора на Хамас, Калед Мешал.

Портпаролот на военото крило посочи дека Хамас во заложништво држи од 200 до 250 израелски заробеници, кои ќе ги искористи во преговорите за ослободување на 6. 000 Палестинци од израелските затвори.

– Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера разговараше со својот израелски колега Јоав Галант и ја повтори посветеноста на САД за избегнување на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и ја истакна безбедноста на цивилите.