-->
-->
Конференција „Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“
-->
Конференција на тема „Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата - Заеднички вредности.
Конференцијата се организира со цел презентирање на резултатите од спорведената анализа „Перцепции и искуства на раководители и службеници од државната администрација за имплементација на Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Комуникација меѓу граѓаните и институциите на централно ниво во согласност со Законот за јазиците”, финансиран од Фондација отворено општество – Македонија и Европската унија и има за цел унапредување на спроведувањето на Законот за јазиците преку документирање и следење на спроведувањето на Законот од 2008 година во избрани институции на централната власт.
На конференцијата е најавено учество на претставници на Министертство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Секретаријат за имплементација на Охридски рамковен договор, академици од областа, претставници на граѓански организации и претставници на медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени