Македонија
6. October 2016 - 9:03

Конференција за реформите во водоснабдувањето

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи национална конференција за реформите во водоснабдувањето.

Целта на конференцијата е навремено информирње за реформските процеси во секторот води чиј носител е Министерството за животна средина со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Министерството за финансии.

На конференцијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и евроамбасадорот Самуел Жбогар.