Конференција за одбележување на годишнината од монетарното осамостојување
Растот, продуктивноста и конкурентноста мора да се зголемуваат со структурните реформи, бидејќи само тие на долг рок можат да поттикнат здрава конкуренција и здрав економски раст.
Ова, како што посочи гуверенрот на НБРМ Димитар Богов, е еден од заклучоците на првиот дел од Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“, што денеска и утре се одржува во Скопје по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија
- Треба да се има предвид дека можностите што централните банки ги имаат да го поттикнат растот во развиените економии во светот генерално се ограничени. Централните банкари направија многу досега, но сепак растот, продуктивноста и конкурентноста мора да се зголемуваат со структурните реформи. Само структурните реформи на долг рок можат да поттикнат здрава конкуренција и здрав економски раст. Политиките на централните банки се тука да помогнат во овие тешки моменти после големата економска криза во 2008 година, но не може целиот товар да падне на политиките на централните банки, изјави Богов во паузата на конференцијата.
Тој посочи дека конференцијата ги потврди и ставовите кои преовладуваат во последно време во меѓународната заедница на централни банкари дека во малите земји не може да се копираат политиките на големите земји.
- Политиките кои ги водат големите земји и нивните централни банки не може да се копираат во помалите земји, бидејќи тие имаат свои специфичности и секогаш мора да водат сметка и за политиките на големите и да ги прилагодуваат своите политики на условите што ги имаат, прецизира Богов.
Гуверенерот на Хрватската национална банка Борис Вујчиќ потенцира дека во првиот дел конференцијата се занимаваше со прашањата на монетарната политика и политиката на регулација на банките, како и со глобалните предизвици кои произлегоа од големата финасиска криза и проблемите во еврозоната.
- Се потенцира дека малите отворени економии и банките во нив имаат сосема различен статус од големите банки како што е Европската централна банка и дека не можат да ги остваруваат своите цели како големите банки, бидејќи де факто мораат да ги преземаат условите кои се нудат на глобалниот финасиски пазар што ги креираат големите банки, рече Вучиќ.
Нагласи дека решението на проблемите во стопанството првенствено може да дојде од структурните политики и зголемувањето на порастот на продуктивноста, бидејќи без тоа, како што рече, ни монетарната, ниту, пак, фискалната политика и нивната комбинација немаат одговор на проблемите што кризата ги постави пред светската и локалната економија.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче