Конференција за дигитален маркетинг AllWeb
Резултати од истражување за вкупниот пазарен потенцијал во Македонија и анализа за интернет продажба на производи за широка потрошувачка ќе бидат презентирани на Конференција за дигитален маркетинг AllWeb, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Истражувањето е спроведено за потребите на конференцијата од страна на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот. Резултатите ќе одговорат на прашањата: колку од корисниците на Интернет во Македонија купуваат онлајн; на која старосна група и припаѓаат купувачите; во која насока ќе се развива онлајн пазарот во иднина итн.
На конференцијата ќе се дебатира за тоа дали македонските компании се подготвени да го следат трендот во светски рамки каде големите ланци на супермаркети им овозможуваат на потрошувачите намирниците за дома да ги купат онлајн.
- Промените во навиките кај македонските потрошувачи за пазарење на Интернет ќе ги условат компаниите од секторот на стоки за широка потрошувачка и супермаркетите да отвораат интернет продавници. Македонскиот интернет пазар сè уште е мал, но со сигурност во следните 5 години ќе има значајно финансиско и количинско зголемување, со што интернет продажбата ќе биде незаменлив дистрибутивен канал, вели Сергеј Зафироски, директор на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот.
Програмата на конференцијата е поделена во три целини, во рамки на кои ќе се зборува за е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization)
Ново на Сител
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините