Конференција во Гостивар: Каков воздух сакаме?
Здружението на граѓани „Европски центар за развој, толеранција и соработка” започна проект во Гостивар со предавања во училиштата, работилници, кампања за подигнување на свеста како и обезбедување на канти за рециклирање на отпад во училишните дворови.
Заменик амбасадорот на Германија, Петер Шалер, на вчерашната конфереција во Гостивар, претстави дел од германските искуства и мерки кои германските власти ги планираат за намалување на аерозагдувањето.
– Во Германија до 2019 година планирано е да се донесе Закон за клима и посебна Програма која предвидува повеќе мерки за намалување на производство на електрична енергија од јаглен. Се планира стимулирање на производство од обновливи извори, користење на велосипеди, електрични автомобили во сообраќајот, рече заменик амбасадорот Шалер.
Во обраќањето, градоначалникот Арбен Таравари напомена дека општина Гостивар ја поттикнува заштитата на животната средина и нејзиното зачувување, а како локална валст ги поддржуваат ваквите иницијативи.
На конференцијата беше заклучено дека зачувувањето на животната средина и квалитетот на воздухот, зависи од граѓаните и нивниот однос, а еколошката свест се развива и учи од најраната возраст.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!