Бизнис
30. October 2018 - 8:38

Конференција посветена на младите и синдикалното движење

Конференција на тема „Младите во синдикатите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија и фондацијата „Фридрих Еберт“.

Целта е да се дискутира за улогата на младите во синдикалното организирање и преку инклузивен процес да се креираат иницијативи со кои ќе се зајакне положбата на младите на пазарот на труд и ќе се застапуваат нивните права од работен однос.