Конференција „Младите одлучуваат“
Конференција за локални младински совети „Младите одлучуваат“ ќе се одржи денеска во организација на Младинскиот oбразовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог.
Конференцијата е воедно и завршен настан на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од ИПА Програмата на ЕУ.
„Младите одлучуваат“ има за цел да ги претстави најзначајните резултати од проектот, како и добрите практики развиени преку активностите и соработката меѓу младите, младинските организации и институциите. Ќе овозможи простор за дискусија околу значењето на младинското учество и младинските политики на локално ниво, како и платформа за размена на искуства помеѓу младинските совети.
На конференцијата ќе се обратат претставник на Делегација на ЕУ, координаторот на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини” Сања Божовиќ, експертот за младински политики и младинско учество Јулијана Даскалов, локалниот координатор за проектните активности во општина Неготино Емилија Андонова, претседателот на Локалниот младински совет на општина Липково Илир Османи, координаторот за млади во општина Гостивар Сефер Селими и претседателот на Националниот младински совет Дамјан Николовски.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев