Конференција „25 години независна Македонија - Што научивме за македонската економија, како понатаму?“
Конференција на тема „25 години независна Република Македонија - Што научивме за македонската економија, како понатаму?“ во организација на „Перспективи 2016“ ќе се одржи денеска во Скопје.
На првата панел дискусија насловена „Какви економски политики и се потребни на Република Македонија за наредните 25 години?, како што најави во организаторот, ќе говорат гувернерот на НБРМ Димитар Богов, професорот од Правниот факултет-УКИМ Александар Стојков, како и професорите од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Никица Мојсоска Блажевска и Марјан Петрески.
На втората панел дискусија на тема „Гласот на бизнисот“ ќе се обратат генералниот директор на групацијата „Фероинвест“ Кочо Анѓушев, претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и Миливоје Ѓорѓевиќ од FX3X.
На третата панел дискусија насловена „Какви се перспективите за регионална економска интеграција на земјите од западниот Балкан?“, како што е најавено ќе говорат шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“ Светозар Јаневски, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, економскиот аналитичар од Србија, Татјана Јакоби и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот