Македонија
4. September 2017 - 20:51

Конески на средба со жителите на Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, попладнево во трговскиот центар во населбата Лисиче остварил средба со жителите на оваа урбана заедница, на која разговарале за реализираните проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период.

Како што соопштија од Општината, на средбата жителите на Лисиче изразиле задоволство од проектите што досега се реализирани во како и надеж дека и во иднина нивната населба ќе биде во фокусот на активностите на Општина Аеродром.