-->
-->
Конечно победа на младите македонски кошаркари
-->
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија по четирите поразни во низа, конечно, забележа победа.
Денеска, во натпревар за разигрување за пласман од 9 до 16 место во Б дивизијата на Европското првенство за играчи до 20 години, што се одржува во Грција, македонските кошаркари ги совладаа врсниците од Словачка со 92:75 по четвртини 27-15, 23-21, 19-27 и 23-12.
Во нашата селекција најрасположен за игра беше Филип Бакоќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 11 скокови, а двоцифрен број поени постигнаа и Дејан Србиновски 17 (имаше и 9 асистенции) и Виктор Ефремовски 14.
Утре, на последниот ден од првенството, во натпревар за 13.место македонските младинци ќе играат против Белорусија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје