„Кондор“ продолжува со летови и покрај банкротот на групацијата „Томас Кук“
Германската компaнија Кондор соопшти дека продолжува со летови и покрај тоа што Томас Кук групацијата, каде и тие се дел, потврди дека банкротирала.
Од Кондор соопштија дека побарале денеска заем од Владата за да надминат тешкотии во работењето.
– Летовите на Кондор продолжуваат според редовниот распоред – наведоа во соопштение од компанијата.
Кондор е формиран во 1955 година и базиран во Франкфурт. Бил во сопственост на Луфтханза, но од 2003 година е дел од Групацијата Томас Кук. Вршат летови со 50 авиони и превезуваат повеќе од седум милиони патници годишно.
Групацијата Томас Кук е со 178-годишна традиција и банкротираше денеска откако не успеа да најде 200 милиони фунти за спас на фирмата.
Британскиот туроператор Томас Кук банкротира со што се откажаа аранжманите на стотици илјади клиенти.
Претходно беше соопштено дека над 600 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот.
Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“.
Директорот на Томас Кук, Петер Франкхаузер им се извини на клиентите, вработените и партнерите на компанијата.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје