-->
-->
Концерт на Васил Атанасов и Тодор Светиев во Велес
-->
На малата сцена на новиот театар во Велес, а во рамките на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“, синоќа заеднички концерт изведоа македонските уметници на класичната музика, професорите Васил Атанасов на обоа и Тодор Светиев на пијано.
Тие ја одушевија присутната велешка публика со изведба на дела од Лолет, Шуман, Сеинт, Стојков и Колин.
Во изјавата за МИА проф. Васил Атаносов потенцира дека првпат настапува во новиот театар, на малата сцена, а за наредниот пат најави дека ќе свири и на големата камерна сцена на театарот за која оцени дека е прекрасна.
Информира дека ова му е прв солистичко концерт во Велес со пијано придружба, а порано често гостувал со Македонската филхармонија. Се присети дека во 1996 година во Велес, одржал и прекрасен концерт со Македонската филхармонија и врвниот музичар Ангел Шурев по потекло велешанец, а по повод 40 години од основањето на првото музичко училишта во Македонија, во Велес, а од концертот одтанале и тонски записи.
Васил Атанасов и Тодор Светиев на 6 октомври одржаа заеднички концерт во Скопје, на 10 октомври на Фестивал во Бусенца, Италија, а по Велес планираат ново гостување во Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето
-
Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч
-
Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор