Македонија
21. јуни 2017 - 13:07

Концерт на медитерански шансони „Мала Италија патува“

Под отворено небо на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје синоќа се одржа концертот „Мала Италија патува“. Шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ги претставија македонските пејачи Павле Камилоски и Христо Арсовски.

Посетителите на концертот, освен Павле Камилоски како баритон, и Христо Арсовски како драмски тенор, ги проследија и Горан Начевски како баритон, Бисера Чадловска како диригент и камерниот оркестар.

„Мала Италија патува“ е настан роден од желбата и љубовта на баритонот Павле Камилоски кон музиката и пеењето.

- Во оваа уметност не постојат граници. Музиката е темел на добро расположение и искрена среќа и ми отвори нови хоризонти, истакна Камилоски. Додаде дека пеењето за него е комплетно уживање, работа која го прави среќен и оти „Мала Италија“ е настап кој никогаш нема да го заборави.