Концерт на Дуња Иванова со дела од Парт, Глас и Пандевска
Во рамки на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“, вечер во Даут-пашин амам солистички концерт насловен „A Part Of Glass“ ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. Таа ќе изведе композиции од современите композитори Арво Парт, Филип Глас и од македонската композиторка Ана Пандевска.
- Во оваа пригода ќе бидат изведени дела на Филип Глас и Арво Парт, едниот познат по својот лиричен минимализам, а другиот по духовниот сензибилитет проткаен со сакралната музика од источноевропските земји. Меѓу овие колоси на современата класична музика ќе биде изведено и дело на младата македонска композиторка Ана Пандевска којашто често ги комбинира органските хармонии со синтетизирани звуци и амбиентални снимки, информира организаторот.
Д-р Дуња Иванова (1985, Скопје) е автор на книгите „Естетското доживување на музиката“ - нејзин магистерски труд на Институтот за филозофија, и „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ - која е и докторска дисертација на авторката.
Иванова докторатот го одбрани минатата година на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, под менторство на проф. д-р Иван Џепароски. Наедно, Дуња Иванова магистрира и на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010).
Особено значајни се нејзините рецитали коишто ги одржа изминативе години, посветени на авторите претставници на модерната класична музика, како Збигњев Прајснер, Арво Парт, Филип Глас, Руичи Сакамото и Лудовико Еинауди.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет