Концерт на авторски песни за претстави од Горан Трајкоски
Македонскиот народен театар ќе го почне третиот фестивал „МНТ Фест“ вечер со концертот „На светов убавина“ на кој ќе бидат изведени 17 авторски песни кои музичарот Горан Трајкоски ги создал за десет театарски претстави.
Тие се од периодот 2003-2013 година, заклучно со „Вечната куќа“ со која почна работата на новиот објект на МНТ. Концертот ќе има три дела - кабаретско-театарски, епски-фолклорен и дел со црковни напеви и псалмични елементи. Во првиот дел песните ќе ги изведува Трајкоски, во еден дел ќе пее Елена Христова и дел во кој ќе настапи Арна Шијак. Покрај тројцата вокалисти, во екипата е и оркестар со 12 инструменталисти.
- Не сум некој голем љубител на објавување инструментална музика. Секогаш сум повеќе за изведување во живо и поборник за песната како музичка форма отколку за инструменталната музика која преовладува во театарот. Затоа што зборот во театарот му е најчесто посветен на актерот. Во сите овие години наназад се насобра еден поголем збир од театарски песни во кои најголем број се работени за претстави на Пројковски како режисер, рече Трајкоски вчера на прес-конференција.
Концертот „На светов убавина“ е во продукција на МНТ и веќе се преговара по премиерата во Скопје да гостува и во национални театарски куќи на други земји. Планирано е песните да се снимат во студио и МНТ да објави компакт-диск.
Поранешниот член на „Мизар“ и „Анастасија“ е често соработник на режисерот Дејан Пројковски и им претстојат следни заеднички проекти, како „Бура“ во Црна Гора, голем проект базиран на „Псалми“...
Пројковски за Трајкоски рече дека е еден од најголемите театарски композитори, не само во регионот, туку и во Европа.
- Тој е еден од театарските автори и дејци кој остава силен белег, го обележува македонскиот театар и е еден од неговите брендови. Над 30 претстави сме работеле заедно и важно е што постојано се изненадуваме, во секоја соработка повторно се преоткриваме, истакна Пројковски.
Првото театарско гостување на годинашниот „МНТ Фест“ е утревечер во црквата „Пресвета Богородица“. Триесетина учесници од „Wegajty Music School“ од Полска утре од 20 часот во храмот ќе го изведат проектот „Ludus Pasionis“ кој има специфична театарска форма, блиска до средновековните литургиски претстави.
За разлика од претходните две изданија, годинава „МНТ Фест“ ќе нема збиена програма. Ќе трае од април до јуни со паузи меѓу изведбите, за публиката да може да ги одгледа сите претстави. Директорот на МНТ Пројковски засега најави три претстави и еден филм од Италија во мај. Дополнително ќе ги соопшти гостувањата во јуни, меѓу кои ќе биде големиот проект „Соларис“ на украинскиот режисер Андриј Жолдак.
Ново на Сител
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ