Свет
4. February 2016 - 16:07

Конашенков: Турција се подготвува за воена офанзива во Сирија

Тоа што се случува на турско-сириската граница зборува за интензивни подготовки за воена офанзива на Турција во Сирија, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

- Имаме сериозни основи да се сомневаме дека Турција интензивно се подготвува за воена офанзива на територија на суверена држава - Сириска Арапска Република.Забележуваме се повеќе знаци на скриена подготовка на турските вооружени сили за активни дејствија на територијата на Сирија, посочи Конашенков.

Тој наведе дека руското Министерство за одбрана претходно доставило видео-снимки до меѓународната заедница, на кои се гледа дека турски оклопни возила пукаат врз сириски населени места во околината на пристанишниот град Латакија.

Конашенков додаде дека руското Министерство за одбрана ги интензивирало разунавачките акции на Блискиот Исток.