Кон Брејвик не се постапува нехумано, пресуди норвешки Апелациски суд
Кон норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик не се постапува нехумано со тоа што во затворот се држи во изолација, пресуди денеска норвешки Апелациски суд.
Брејвик не е, нити бил подложен на тортура, нити кон него се постапувало нехумано, се наведува во одлуката на судот, пренесоа француските медиуми.
Брејвик (37), кој во 2012 година беше осуден на 21 година затвор за масовно убиство и тероризам, се жалеше на условите во затворот и за тоа што престојува во самица.
Окружниот суд во Осло во април минатата година пресуди во негова корист, наведувајќи дека норвешката држава е виновна за „нехуманиот и понижувачки“ третман кон Брејвик, потсетуваат француските медиуми.
Шестдневната жалбена постапка на Брејвик за тоа дека му се прекршени основните човекови права се заврши кон средината на јануари.
Откако беше уапсен, Брејвик се држеше одвоено од другите затвореници, а неговите адвокати тврдеа дека тоа му штети на неговото ментално здравје.
Неговиот адвокат Остин Сторвик рече дека станува збор за „лице кое од 2012 година седи само во мал затвор внатре во затворот“.
Тој оцени дека не помага тоа што Брејвик еднаш неделно е посетуван од лице, кое му го одреди затворот, бидејќи тоа е платена работа.
Брејвик изјави дека самицата му нанела штета и направила да биде уште порадикален во своите неонацистички верувања.
Ново на Сител
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот