Џет-Сет
7. May 2016 - 16:53

Кому убавата Марија Килибарда му кажа ДА?

Шармантната водителка Марија Килибарда која ја гледаме во шоуто „Твоето лице звучи познато“ на ТВ Сител, и нејзиниот избраник, поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ, девет месеци по веридбата одлучија дека е враме за свадба.

Нивната врска од почетокот се најде во медиумите, а тие во ниту еден момент не криеја. На почетокот беа само пријатели, но во меѓувреме се појавија искри.

-Иако поминаа речиси 9 месеци од веридбата, тие двајца се договорија дека е време за свадба. Одбраа да се венчаат на почетокот на есента, вели извор близок до познатата двојка.

Како што тој наведува, Марија инсистирала венчавката да биде интимна, без премногу гости. Иако одбегнува да зборува за својот приватен живот, бидејќи е јавна личност, таа сепак неодамна истакна дека е многу вљубена и среќна.

-Марија одбегнува да зборува за својот приватен живот. Повеќе пати се изгоре кога во прашање беа нејзините претходни врски. Кога минатата година се верија, таа не можеше да ја сокрие среќата, па на најблиските пријатели им се пофали дека е запросена, вели извор.