Комшиќ го повика Вучиќ да ја суспендира стратегија која го „загрозува мирот на Балканот“
Усвојувањето на Стратегијата за одбрана и национална безбедност на Србија би значело нарушување на регионалниот мир и стабилност, а би претставувало и вовед во нови тензии на просторот на Западен балкан, бидејќи тоа би бил акт на отворено непријателство кон државата Босна и Херцеговина, оцени претседавачот со Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ.
Тој оцени дека Вучиќ треба веднаш да ја суспендира Стратегијата, пред да биде доцна, потсетувајќи дека сè уште се свежи раните од последната српска агресија и спроведен геноцид, пренесува Фена.
– Ако во Србија мислат да се откажат од Дејтонскиот мировен договор, нека го кажат тоа – ќе ни биде задоволство работите во БиХ поинаку да ги уредиме, потенцира Комшиќ.
На српската Стратегија реагираше и социјал-либералната Наша странка (НС) од БиХ.
„Србија со својата Стратегија за одбрана повторно покажа територијални претензии кон БиХ. Зачувувањето на Република Српска им е национална цел, што е партикуларен и тенденциозен пристап кон БиХ, а ги подгрева и сепаратистичките намери во тој ентитет“, се веливо реакцијата од НС.
„Парадоксално е во истата таа Стратегија сепаратизмот да се наведува како една од најголемите опасности за мирот во регионот, а само после неколку реченици, истиот тој сепаратизам се поттикнува. Србија, очигледно, не сфаќа дека со ваквите чекори токму таа најмногу влијае на зговарање за укинување на ентитетот Република Српска, бидејќи начинот на кој ја брани, импонира на оние сили кои би ја припоиле кон Србија. Доколку Србија навистина им посекува добро на Србите во БиХ, нека престане да ги одвраќа од нивната држава. Србија никогаш нема да им биде она што им е БиХ, а наметнувањето на таква заблуда може сите скапо да не чини“, се наведува во соопштението на Наша странка.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата