Свет
24. January 2016 - 18:12

Компромис на САД и Русија за учеството на сириската опозиција на мировните преговори

Русија и САД постигнаа компромис за учеството на сириската опозиција на мировните преговори за Сирија, идната недела во Женева, пренесува Танјуг.

Според компромисното решение на преговорите ќе бидат повикани две одделни делегации на сириската опозиција.

Преговорите меѓу сириската Влада и опозиција под покровителство на ОН претходно беа одложувани поради несогласувањето меѓу САД и Русија за тоа кои опозициски групи треба да учествуваат.

Вашингтон го поддржува учеството на Дајш ал Ислам, исламистичка милиција поддржана од Саудиска Арабија, на што Москва остро се противеше.

Русија инсистираше на учество на поумерени личности, како Кадри Џамил, поранешниот заменик сириски премиер и курдскиот политичар Салех Муслим, јавува Раша Тудеј.

Москва се согласила на учество на Дајш ал Ислам, а Вашингтон нема да се противи на тоа да биде повикана уште една опозициска група.

Се очекува сега, специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура да упати покани за учество до двете групи.