Комплетирани полуфиналните парови на СП во кошарка
Германија и Канада обезбедија денеска место меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското кошаркарско првенство со што се познати сите полуфиналисти на завршниот турнир кој се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Канада попладнево беше поуспешна од Словенија со 100-89, додека претходно во првото денешно четвртфинале, Германија во драматичен натпревар со 81-79 ја совлада Летонија во чиј редови Давис Бертанс на две секунди пред последниот свиреж беше непрецизен во обидот за три поени.
За место во финалето на кошаркарскиот Мундијал репрезентацијата на Германија ќе игра в петок против САД, додека противник на Канада ќе биде Србија.
Покрај пласманот во полуфиналето, Германија и Србија обезбедија и директен пласман на Олимписките игри 2024 како две најдобро пласирани европски репрезентации на Мундијалот.
Ново на Сител
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите