Loading Video...
Тенис
26. January 2022 - 14:33

Комплетирани полуфиналните парови на Австралија Опен

Данил Медведев и Стефанос Циципас го комплетираа вториот полуфинален пар кај мажите на Австралија Опен. 
 
Вториот носител Данил Медведев место во полуфиналето обезбеди по голема борба во мечот со Феликс Агуер Алиасиме (9) кој траеше 4 часа и 42 минути, а кој  Русинот го доби со 3:2.  
 
Иако првите два сета ги доби 21-годишниот Канаѓанец со 7-6, 6-3. Сепак  Медведев не се предаде, па ги доби следните три со 7-6, 7-5  и 6-4  за конечни 3:2 во сетови
 
Затоа пак, неговиот противник во полуфиналето 4-носител Стефанос Циципас од Грција немаше многу проблеми во дуелот против Италијанецот, Јаник Синер (11) кој го доби за неполни два часа со 3:0 по сетови 6-3, 6-4 и 6-2).
 
Првиот полуфинален меч кај мажите ќе се игра утре, а во него за големото финале ќе се борат (6) Рафаел Надал Шпанија и (7) Матео Беретини од Италија. 
 
Ига Свјонтек и Даниел Колинс е вториот полуфинален пар кај дамите.
 
Поранешната шампионка на Роланд Гарос, Свјонтек од Полска која е 7-ма носителка во Мелбурн, одигра три сета во мечот со Естонката, Каиа Канепи, па чешката тенисерка закажа полуфинален дуел со Даниеле Колинс.
 
28 годишната Американка до своето второ полуфинале на Австралија опен (играше 2019-тата) стигна со победата од 2:0 во сетови против Французинката, Ализе Корне 
 
Потсетување дека во првото полуфинале кај дамите ќе играат домашната миленичка и фаворитка број 1, Ешли Барти и Американката, Медисон Кејс.