Loading Video...
Ракомет
11. December 2019 - 14:24

Комплетирани полуфиналните двојки на женскиот ракометен Мундијал

Комплетирани се полуфиналните двојки Светското женско ракометно првенство што се одржува во Јапонија. 
 
Русија и Холандија односно Шпанија и Норвешка ќе играат во полуфиналетот на женскиот ракометен Мундијал 
 
Ова е исходот по денешните дуели од последното коло во групната фаза по кои Русинките убедливо ја совладаа Шпанија со 36-26 и го потврдија првото место, по што Црна Гора со триумфот над Шведска 26-23 им заврши работа на шпанските ракометарки кои завршија како второ пласирани. 
 
Од групата 1, Норвежанките исто така со победа над Германија 32-29 ја освоија првата позиција, а втората и припадна на Холандија која беше убедлива во дуелот со Јужна Кореја со 40-33. 
 
Неочекуваниот во трката за медал ќе ја нема Данска која денеска „ремизираше“ со Србија 26-26, па во конечниот пласман заврши како деветто пласирана.
 
Полуфиналните натпревари на програмата се во петок и тоа од 9:30 часот ќе играат Норвешка и Шпанија, а во терминот од 12:30 часот за место во финалето ќе се борат Русија и Холандија