Loading Video...
Тенис
7. September 2021 - 8:39

Комплетирани четвртфиналните двојки кај дамите на УС Опен

И на женскиот дел од Гренд-слемот во Њу Јорк комплетирани се четвртфиналните двојки.
 
4-тата носителка Каролина Плишкова е последната која обезбеди место меѓу осумте најдобри. Чешката тенисерка во два сета со 7-5 и 6-4 беше подобра од Русинката, Анастасија Пављученкова, па закажа четвртфинален дуел со сезационалната 17-годишна грчка тенисерка Мариа Сакари. 
 
Кога сме кај пријатните изненадувања на УС Опен, да потсетиме дека место меѓу осумте најдобри избори и 19-годишната Канаѓанката, Лејла Фернандез која на патот до четвртфиналето ги елиминира фаворитките Наоми Осак и Анжелик Кербер, а за влез во топ четирите односно полуфиналето ќе се бори со петтата носителка, Елина Свитолина.