-->
-->
Комплетирана програмата за музичкиот дел на „Каменичко Културно Лето 2019“
-->
Десетина дена пред одржување на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2019“, еден од најмасовните музички настани кој по 11-пат ќе се одржи во Македонска Каменица, познати се сите изведувачи кои ќе настапат на градскиот плоштад. Како што информираат од Општината, покрај македонските Анета и група Молика, 2 Бона и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српската музичка ѕвезди Наташа Беквалац.
-Главното случување е на 28 август кога пред присутните ќе настапат група Галија и Тропико бенд. За време на „Каменичко Културно Лето“ се очекува дека повеќе од 20 илјади посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи, информираат од Општината.
Манифестацијата, како што додаваат, се одржува на крајот на летото од причина што на 28 август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите.
Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден