Компанијата „Facebook“ на суд поради монопол, ќе треба да се откаже од „Instagram“ и „WhatsApp“
Американската федерална комисија за трговија и речиси сите сојузни држави ја тужат компанијата „Facebook“ за наводно прекршување на законите што спречуваат создавање монополи.
Главниот дел од тужбата се однесува на купување на „Instagram“ за една милијарда долари во 2012 година и „WhatsApp“ за 19 милијарди во 2014 година.
Од Федералната комисија за трговија соопштија дека ќе побараат одлука со која, меѓу другото, ќе се бара од „Facebook“ да се откаже од своите аквизиции, вклучувајќи ги и гореспоменатите „Instagram“ и „Whatsapp“.
„Речиси цела деценија, „Facebook“ ја користи својата доминација и монопол на пазарот за да уништи послаби ривали и да ја задуши конкуренцијата, сето тоа на штета на редовните корисници“, изјави државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.
Таа истакнала дека компанијата користи огромни суми пари за да ги преземе ривалите пред тие да ја загрозат доминацијата на „Facebook“.
„Ниту една компанија не треба да има толку многу неконтролирана моќ над нашите приватни информации и нашите социјални интеракции. Поради тоа поднесуваме тужба во корист на милиони корисници и милиони сопственици на помали компании кои се погодени од однесувањето на ‘Facebook’“, вели Џејмс.
„Facebook“ е втора голема технолошка компанија која се соочува со ваков правен предизвик откако американското Министерство за правда на САД, во октомври го тужеше „Google“ од слични причини.
По објавувањето на ваквата вест, акциите на „Facebook“ веќе паднаа за 3 проценти.
Ново на Сител
-
Подигнати 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир
-
МЗ: Завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски
-
Калас: Трамп е во право дека ЕУ „не троши доволно“ за одбрана
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево
-
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице