Компаниите и НВО ја интензивираат соработката
Бизнис секторот е секогаш подготвен да поддржи добри иницијативи од граѓанските организации, но тие не се доволно активни или се слабо информирани околу можноста да добијат донации, беше истакнато на денешната средба што ја организираа Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз.
И невладиниот сектор смета дека односите со бизнис заедницата треба да се продлабочат, пред се во насока на градење поголема доверба и соработка.
Компаниите кои, според истражувањата на светско ниво, во иднина ќе бидат главни финансиери/донатори на невладините организации, нагласуваат дека наместо средствата да се даваат директно на физички лица, како што е сега случај, треба да се реализираат институционално.
- НВО секторот не аплицира со добри, конкретни проекти кај бизнис заедницата. Доколку тоа го стори, сигурно би добил поддршка независно во која сфера работи. Моментно, најмногу донации се даваат за хуманитарни цели, а ги примаат директно физички лица. Притоа, предничат верските заедници и културните манифестации, а дури потоа се невладините организации. На нив отпаѓаат само десет отсто од вкупните донации што се одвојуваат воопшто во граѓанскиот сектор, изјави извршниот директор на Албиз, Илир Идризи.
Ирина Јаневска, основач и претседател на Здружението за социјални иновации Арно, кое работи повеќе од десет години, го тврди спротивното.
- Годинава се обративме кон големите маркети, побаравме да ги финансираат нашите часови за готвење, но не наидовме на слух. Се работеше за социјална претприемничка иницијатива, побаравме да ни обезбедат продукти, а за возврат да добијат соодветен маркетинг, да се рекламираат како општествено одговорни компании. Ова е индикатор дека треба да продолжиме да работиме, да се изгради доверба меѓу двете страни, напомена Јаневска.
Профитот што го остваруваат компаниите, потенцира Идризи одговорајќи на новинарски прашања, треба да го враќаат во општеството и тоа го прават постојано, но не на институционален начин.
Милаим Амети од СКСЗМ укажа дека поддршката од странските донатори, како што е ЕУ преку ИПА фондовите, со време ќе се намалува, а ќе се зголемува онаа од страна на бизнис секторот.
- Затоа, препораката е НВО полека да се насочува кон други извори на средства, да ја зајакнува соработката со деловната заедница. На тој начин, бенефитот би бил двостран и граѓанскиот сектор би ги финансирал своите активности и компаниите би ја реализирале својата општествена одговорност, рече Амети.
Според него, од досегашните средби што ги реализираше Комората со НВО, е утврдено дека двете страни не се доволно запознаени со олеснителните околности, односно даночните ослободувања што ги нуди Законот за донации и спонзорства. И тука, посочи, мора да се поработи.
Со средбата во Скопје, СКСЗМ го заокружи првиот дел од проектот за финансиска одржливост на НВО. Претстојат, како што најави, обуки и тренинзи со граѓанските организации за конкретна соработка.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија