Бизнис
6. October 2022 - 16:33

Коморите бараат итна реакција од Владата за мерки за помош на фирмите

Компаниите ја чекаат ветената помош од државата. Во спротивно, од следната година  половина од вработените во големите компании ќе останат без работа. Кризниот штаб на  Стопанската комора апелира- Владата што поскоро да го објави пакетот антикризни мерки, затоа што утре можеби ќе биде доцна за помош. Високите сметки за струја веќе натераа дел од компаниите да го редуцираат  производостваото и да ги намалат вработените.

 Ако нема  поддршка од 30 до 50% од вработените наредната година ќе ги загубат своите работни места, изјави Јелисавета Георгиева Јовеска, Стопанска  Комора

Да се субвенцвионира цената на струјата за индустријата, односно  да се определи базна  цена која ќе ја плаќаат компаниите, а над таа вредност, да ја покрива државата, намалување на ДДВ то за електрична енергија од 18 на 5%, се само дел од мерките кои ги бара бизнис заедницата.

Пакетот помош Комората го очекуваше на 28 септември. Потоа беше најавен за утре. Откако не го добија, Владата им вети нов рок. До среда антикризните мерки ќе бидат презентирани.