Македонија
14. January 2022 - 16:31

Комеморација за Горјан Тозија - Медо

Заврши филмот на Медо. Фелата, пријателите и семејството се простија од Горјан Тозија, неуморниот вљубеник во седмата уметност. Зборовите за него не недостасуваа, напротив. Редок како еднорог, човечен, одлична смисла за хумор, спремен секогаш да помогне, човек кој никого не остава рамнодушен.

Живееше живот како вистинските филмаџии, рекоа оние кои најдобро го познаваа.

Пет децении богата кариера во која Тозија сработи многу, пред се за македонската филмска сцена, беше истакнато на комеморацијата.

Го опишаа како неспорен познавач на филмот, а едногласна е оценката дека за време на неговото работење, македонскиот филм доживува ренесанса.

Горјан Тозија беше дел од создавањето на бројни филмски проекти како “Пред дождот”, а за време на неговото раководење со Агенцијата за филм беше снимен и филмот “Медена земја”, кој ја претставуваше Македонија на Оскар.