Комеморација во Куманово: Познатиот новинар почина по кратко боледување
Во салата на општина Куманово денеска се одржа комеморатина седница за новинарот Столе Божиновски, кој почина по кратко боледување. На седницата која ја организираше Регионалниот центар на здружението на новинари, присуствуваа членови на семејството на Божиновски, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, претставници од Советот на општината, од здружението на армиски и полициски ветерани, новинари, граѓани.
Пред присутните говореше синот на Божиновски, новинарот Зоран Божиновски кој рече дека го научил да не робува на лажни велични и да се не се покорува никому.
-Целиот свој работен век ме гонеше од таа професија за која велеше дека ќе ме унесреќи. Мислев дека треба да продолжам на мој начин, таму каде што тој застана или насилно го спречија, бидејќи последната година од неговиот работен век беше исклучен од Радио Телевизија Куманово, по сила на некои политички неприлики, рече Божиновски.
Додаде дека со татку му секогаш имале разбирање и дека неговото приведување и екстрадирање од Србија го скршиле духот на татко му и оти неговиот родител е жртва на дваесетгодишната борба за првада.
Пред присутните говореше и Фросина Лазаравска, координатор на регионалното здружение на новинари, која истакна дека Столе Божиновски, беше учител на помладите колеги, постојано се бореше за подобра положба на новинарите, а целиот работен век се бореше за првадата и вистината и правото на слободен говор.
На комеморативната седница зборуваше и Борко Стојановски од здружението на полициски и армиски ветерани каде последните години Столе Божиновски членуваше и работеше на весникот за потребите на здружението.
Столе Божиновски е роден 1942 година во Довезнце, кумановско. По зваршување на учителската школа, својата професионална кариера ја градеше во Радио Телевизија Куманово, во „Наш весник“, а беше новинар-дописник на „Вечерње новости“, „Политика Експрес“, „Утрински весник“.
Ново на Сител
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден