Комеморација по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот
Холокаустот не треба да биде заборавен, но треба и да извлечеме поуки за нас и особено за младите генерации ваквите и слични настани никогаш да не се повторат. Наша заложба и обврска е денес, утре и во годините кои се пред нас да им одадеме почит на сите жртви на холокаустот вклучувајќи ги и 7.144 Евреи од Македонија кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка.
Ова го истакна денеска вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето на комеморативната церемонија по повод 27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Според него примерите на антисемитизам, негирање на холокаустот, дискриминација по многу основи, како и говорот на омраза се почесто се присутни ширум Европа. Тоа не само што има негативни импликации по Евреите туку негативно се рефлектираат и кон основните европски вредности. За жал, вели, предвидувањата се дека трендот на овие појави особено антисемитизмот ќе продолжи и во иднина и дека истиот е побрз отколку мерките коишто се преземаат против ваквите појави. Еден од големите проблеми е нивното промовирање преку социјалните мрежи и интернет. За справување со овие трендови потребно е континуирано напредување на познавањата и надградба на сите општествено одговорни фактори особено на младите генерации, просветните работници со историски и современи аспекти кои се однесуваат на холокаустот.
- Република Македонија е посветена на зачувување на споменот и историската одговорност за холокаустот. Активно сме вклучени во меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот - ИХРА чија висока делегација ќе учествува на овогодинешните комеморативни настани од 11 март, денот на депортацијата на Евреите од Македонија. Фокусот на нашите заложби го ставаме на младите и на прашањата на сеќавањето и одбележувањето на најзначајните датуми, образованието и истражувањето, рече Попоски.
Меѓу другото, во соработка со институции, со невладини организации и Центарот за холокаустот во Скопје, додаде тој, направени се преводи на некои од основните документи на ИХРА за тоа како да се изучува холокаустот кои преку МОН ќе бидат доставени до училиштата во Македонија и потпишан е Меморандум за соработка со Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија.
- Холокаустот со своите психолошки, социолошки, демографски, политички, а пред се и лични аспекти ќе остане трајна тема на одбележување, сеќавање, изучување и истражување. Грижата за сопственото минато е одлика на цивилизираниот свет, прашање на човечност и наша историска одговорност. Во таа смисла РМ ќе продолжи со ангажманот во насока на интензивирање и збогатување на активностите на сите полиња кои се поврзани со сеќавањето на жртвите од холокаустот, порача Попоски.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ истакна дека денеска е денот кога треба да се потсетиме на шесте милиони Евреи, меѓу нив и 7.114 од Македонија кои беа жртви на една идеолошка омраза – холокаустот. Холокаустот, нагласи таа, секогаш ќе го поставува прашањето што се случи со моралниот компас на човештвото бидејќи луѓето не се раѓаат со омраза туку ја учат.
- Холокаустот е единствен случај, но има универзално значење. Тој мора да остане како трајна опомена дека злото никогаш не е победено и дека секогаш мораме да ја отстраниме секоја идеологија која би можела да го оживее. Имаме морална должност да се спротивставуваме со нулта толеранција во времето кое забрзано губи интерес за хуманитарните вредности. Треба упорно да ги промовираме и да се едуцираат новите генерации да не се остави простор за нетолеранција, ксенофобија, расизам и антисемитизам создавајќи така услови за нови злосторства, рече Романо Николиќ.
Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли истакна дека на овој ден им се одава чест и сеќавање на оние чија иднина никогаш не дојде. Тоа им го должиме на сите нив за светот никогаш да не толерира такво зло уште еднаш, посочи Бејли.
- Сеќавањето за нас е само почеток, а не крај на нашата одговорност. Должноста што ја имаме е активна да се спротоставме и да ги одбраниме сите од оние кои што не напаѓаат врз основа на религијата, да се здружиме заедно против меѓуверската омраза и да ја зацвртсиме нашата заложна за права и слободи на секој човек, рече Бејли.
Израелскиот амбасадор Дан Оријан порача дека дека треба да обезбедиме да се сеќаваме на секоја една жртва на холокаустот. Потсети дека Македонија беше прва на Балканот која донесе и го спроведе законот за евреските имоти, пример кој вели, ќе го следи и Србија.
Пред присутните се обрати и Сарале Гутман од Израел, ќерка на Гита Шами, единствената Еврејка од Македонија која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц-Биркенау. Следеше и промоција на нејзиното дело „Мишлоах Манот - животна приказна за нејзиното семејство Шами - Калдерон од Битола и за нејзината мајка Гита Калдерон која е единствената еврејка од Македонија која го преживеала холокаустот.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови