Свет
3. August 2016 - 8:57

Колумбиските власти за пет дена уништија 104 лаборатории за кокаин

Колумбиската полиција во текот на изминатите пет дена уништи 104 лаборатории за кокоин, опремени да произведат околу 100 тони дрога годишно, соопшти началникот на полицијата за борба со наркотици. 

Операцијата, спроведена во џунглата во југоисточниот регион на земјата, е дел од новата владина стратегија за борба со производството на наркотици. 

-Ова е удар врз финансиите на шверцерите на дрога, истакна директорот на полицијата за борба со наркотици Хосе Анхел Мендоса. 

Лабораториите се опожарени од страна на специјални полициски единици.