Колумбија со нов рекорд во искоренувањето на производството на кокаин
Колумбија го собори сопствениот рекорд во уништување на реколтата од растението Еритроксилон Кока втора година по ред, соопшти Владата, иако земјата сè уште останува водечки светски производител на кокаин.
– Постигнавме највисоко ниво на рачна ликвидација на растението Еритроксилон Кока што некогаш е регистрирана од Колумбија: 130.000 хектари, изјави за медиумите претседателот на Колумбија, Иван Дуке. Станува збор за површина со приближна големина на Лос Анџелес и го надминува најновиот рекорд, поставен во 2019 година, кога владата уништи 94.000 хектари со Еритроксилон Кока – главната состојка на кокаинот.
Во 2019 година Колумбија произведе 1.137 тони кокаин, што е нешто повеќе од претходната година, соопштија ОН. Се уште нема податоци за 2020 година.
Дуке се пофали дека во 2020 година неговата земја поставила други „историски рекорди“: запленети се 498 тони кокаин, а уништени се 5.447 лаборатории.
Од преземањето на должноста во август 2018 година, конзервативната влада на Дуке постави приоритет во борбата против трговијата со дрога и започна план што треба двојно да ја намали површината за одгледување на растението Еритроксилон Кока во периодот меѓу 2022 и 2023 година.
Ново на Сител
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишен кичевец, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО
-
Рение: ЕК препорачува ограничување на пристапот на „Хуавеј“ до мрежите во ЕУ