Колумбија: ФАРК се повлекува од претседателските избори поради болест на нивниот лидер
Поранешната бунтовничка организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), која сега е политичка партија, соопшти дека нема да учествува во претседателските избори закажани за мај. Причина се здравствените проблеми на нивниот лидер и кандидат за претседател Родриго Лондоно, познат по прекарот Тимошенко.
Тој вчера беше примен на клиника во Богота, каде му беше извршена операција на срцето откако пред една недела претпел инфаркт.
ФАРК соопшти дека станува политичка сила по разоружувањето на нејзините, околу 7.000 членови, лани во септември откако беше потпишан мировен договор со колумбиските власти во ноември 2016 година.
На 27 мај ќе биде првиот круг од изборите на кои ќе се бира наследник на претседателот Хуан Мануел Сантос, кој е Нобелов лауреат за мир.
Ново на Сител
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца