Колорадо урива рекорди, за осум месеци заработил милијарда долари од канабисот
Колорадо го претвори легализирањето на марихуаната во суперпрофитабилна индустрија и продажбата достигна нови рекорди оваа година.
Според податоците на даночните власти на Колорадо, само во првите осум месеци од оваа година, од канабисот биле заработени 1,02 милијарди долари, додека лани оваа сума била достигната во октомври.
Тоа претставува зголемување на продажбата за 21% во однос на истиот период од минатата година, а останува да се вклучат приходите од преостанатите четири месеци од оваа година.
Само во август биле продадени продукти од марихуана во вредност од 137 милиони долари, од кои 100 милиони доаѓаат од рекреативни корисници.
Од популарните кофи шопови, државата Колорадо оваа година наплатила данок и други давачки во вредност од 162 милиони долари.
Од легализирањето на марихуаната во Колорадо во 2014 година, продажбата постојано се зголемува. Во првата година таа изнесувала 699 милиони долари, во 2015 – 996 милиони, а лани – 1,3 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста