Балкан
7. April 2022 - 21:17

Колку заканите од Трифонов се сериозни за пад на владата во Бугарија?

Ќе ја одржи ли стабилна владата бугарскиот премиер Петков по заканите на коалиционите партнери во однос на ветото за Македонија. Лидерот на има таков народ Слави Трифунов обвинува дека премиерот ги заобиколува бугарските национални интереси бидејќи сака да го тргне ветото без Бугарија да добие гаранции за почитување на правата на Бугарите во Македонија. Трифунов смета дека бугарскиот премиер води политика која не е согласност со договорот на коалиционите партнери, ниту пак е во координација  со МНР и Парламентот на Бугарија. Бугарските аналитичари сметаат дека ваквите реакции нема да влијаат на  процесот на преговори меѓу двете земји и  дека се обид за притисок врз Петков поради други внатрешно политички цели.

Според него, Македонија, Бугарија но и Европа се во една исклучително комплицирана ситуација поради војната во Украина и не би си дозволиле да предизвикаат политички турбуленции во овој момент. Владимиров смета дека е интезивна комуникацијата и работата на двете влади во Македонија и Бугарија и ќе продолжи во насока изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.

Бугарската влада во моментов е под сериозен притисок и поради големиот процент на Бугари кои бараат поголема неутралност на државата во однос на Русија.